Skip to main content

Најново истражување

За 20 години 150 илјади млади лица купиле карта во еден правец

Во најновото истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи се наведува дека во последниве 20 години дури 150 илјади млади луѓе од земјава на возраст до 29 години решиле да ја напуштат Македонија и среќата да ја побараат во странство.
 |  инфодеск  | 
Аеродром Скопје

Општата состојба во државата како на економски така и на политички план се повеќе ги охрабруваат граѓаните да заминат од Македонија, а особено тоа важи за младата популација.

Во најновото истражување на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи се наведува дека во последниве 20 години дури 150 илјади млади луѓе од земјава на возраст до 29 години решиле да ја напуштат Македонија и среќата да ја побараат во странство. Високата стапка на невработеност токму кај младите луѓе, е една од клучните причини за иселувањето на младите луѓе од земјава.

Во истражувањето се наведени официјалните податоци на Државниот завод за статистика во кои се гледа дека лани стапката на невработени млади до 24 години лани се движела околу 20 отсто или без работа биле речиси 20 илјади граѓани кои се до таа возраст. Последните податоци кои пак Европската статистика ги објави за Македонија покажуваа дека пред три години, за без малку 10 отсто имало во земјава повеќе невработени луѓе до 24 годишна возраст. Во истражувањето стои и дека доколку одиме чекор понатаму, бројот на невработени на возраст до 34 години изнесува вкупно 32 451 лица, а тоа е бројка на активно население кое бара работа, а кое е во години погодни за преквалификација, доквалификација, отворање на сопствени бизниси и други типови на поддршка од страна на државата. Но, од друга страна пак пописните резултати укажуваат на многу јасен тренд на мигрирање на младите во изминатите 20 години. Од 2002 до 2021 година, вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за 150 000 граѓани. Во 2001 бројот на млади на возраст 19-29 години бил 480.828 или 24% од вкупното население, додека 2021 година се 326.733 18% од вкупниот број на населението.

„Ваквиот тренд укажува на тоа дека населението во земјава старее. Загрижува и добро познатиот тренд на заминување на младите (brain drain), односно според пописот од 2021 година, околу 100.000 граѓани, кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале 29 до 35 години, не живеат во државата. Истиот тренд провејува и во категоријата деца на возраст од 0 до 9 години од 2002 година, кои денес би имале 20 до 29 години, 16% од оваа група недостасува во последните пописни резултати од 2021 година. Што се однесува до состојбата и кростабулациите млади, невработени и степен на образование, според достапните податоци младите на возраст од 15-24 години најмногу се вработени во средно квалификуваните занимања и тоа речиси 70% од вкупната вработеност на младите за годината 2019. Останатите вработени млади се еднакво распределени меѓу високо и средно квалификуваните работни места, односно највисоката стапка на невработени млади од 15 до 24 години, со преку 40%, е онаа категорија кои завршиле универзитетско образование“, стои во истражувањето.

Целиот текст прочитајте го на: denar.mk