Skip to main content

Општина охрид

Пецаков на средба со словачкиот амбасадор

Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.
 |  инфодеск  | 
Словачки амбасадор

Градоначалникот Кирил Пецаков, вчера одржа работна средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, Хенрик Маркуш. Разговорот беше фокусиран на априлската средба со амбасадорите на земјите чии граѓани се добитници на Светската награда за хуманизам.

Договорено е средбата да се одржи во средината на април, на која ќе бидат прецизирани деталите за свеченото откривање на споменикот на хуманизмот на 9 август.

Словачки амбасадор

На истиот ден ќе биде доделена и годишната светска награда за хуманизам, а ќе му биде врачена и на минатогодишниот добитник Далимир Хајко, светски познат филозоф, есеист, литертурен критичар и професор на универзитетот од Жилина, која поради ковид кризата беше одложена на неодредено време.