Skip to main content

Трагедија

Охриѓанка загина во сообраќајка кај Горенци

72-годишна жена загина во тешка сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 11.03.2023 во 15:15 часот на магистралниот пат А2 Охрид-Кичево кај селото Горенци, патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(69) од Охрид излетало од коловозот.

По несреќата, возачот Б.С. и сопатничката М.С.(72) од Охрид биле пренесени во болницата „Св. Еразмо” каде од лекар им биле констатирани тешки телесни повреди, но при транспорт на сопатничката М.С. кон Комплекс клиники „Мајка Тереза”, таа им подлегнала на повредите и од лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт – информираат од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител врз телото ќе се врши обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.