Skip to main content

Сала за седници

18-та седница на Советот на општина Дебрца

На 15-ти март (среда) со почеток во 13 часот ќе се одржи осумнаесеттата седница на Советот на општина Дебрца.
 |  инфодеск  | 
Совет Дебрца

Свикана 18-тата седница на Советот на општина Дебрца на ден 15.03.2023 година (среда) со почеток во 13 часот.

Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

ДНЕВЕН РЕД

  1. Усвојување на записник од 17-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2022 година
  3. Предлог – Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврски и каса за 2022 година
  5. Предлог – Одлука за отпочнување постапка за ажурирање на процената на загрозеност на подрачјето на општина Дебрца од сите ризици и опасности
  6. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населнието од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2023 година