Skip to main content

Изданието е финансирано од министерството за култура

Промоција на боенката и сликовница, Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов

Денес во Охрид, се одржа промоцијата на боенката и сликовница, Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов. Станува збор за дело на писателката Мерсиха Исмајлоска и илустраторот Александар Илиевски. Сите љубители на убавите приказни за деца, може да ја нарачаат на фејсбук страната на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“, а наскоро ќе биде достапна и во книжарницата „Просвета“.
 |  инфодеск  | 
Промоција боенка

Краткиот расказ за порталот „Чудна шума“ на писателот Мерсиха Исмајлоска, денес ја доживеа својата судбина и стана сликовница и боенка во која ќе може да уживаат сите дечиња, како и дечињата за кои дислексијата е предизвик. Денес, повеќе од било кога, е важно децата да научат да раскажуваат и слушаат приказни. Приказните не поврзуваат со нашите предци и со огништето. А приказната за џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов, ќе ја слушнат и прераскажат многу дечиња, вели авторот Мерсиха Исмајлоска.

Тоа беше изненадување на дизајнерот, кој кога ја дизајнираше книгата, ја направи и соодветна за деца со дислексија. Меѓутоа, таа е пристапна и за сите деца. Илустрациите се прекрасни за боење. Самите илустрации водат кон некои нови приказни. Не само текстот. Тоа е интересното, не само што е сликовница и боенка, приказната е интегрирана во слики, и води до еден чудесен свет за децата, само да го обојат – вели Исмајлоска.

Промоција боенка

За административниот дел на оваа сликовница и боенка беше задолжен писателот Јордан Коцевски. Изданието е финансирано од Министерството за Култура, а ја издава Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“.

Оваа приказна е баш волшебна. Што се однесува до текстот, тој беше идеја на нашиот дизајнер Владимир Трајановски, којшто го нашол фонтот прилагоден за деца со дислексија и ни кажа дека би било прекрасно кога сликовницата би била напишана со еден ваков фонт. Можам да кажам дека сум многу задоволен од финалниот производ – посочи Коцевски.

Промоција боенка

Сликовницата и боенка Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов, сите заинтересирани може да ја нарачаат на фејсбук страната на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“, а наскоро ќе биде достапна и во книжарницата „Просвета“.

Промоција боенка
Промоција боенка
Промоција боенка
Промоција боенка
Промоција боенка