Skip to main content

Монтажа на мехатронички сетови

Ученици од ОЕМУЦ на работилница во Костал

Целта на оваа работилница беше воведување на современа дидактичка опрема-сетови за мехатроника, кои ќе се користат за подготовка и полагање на завршните практични испити по германски стандарди.
 |  инфодеск  | 
Оемуц работилница

Во периодот од 9-ти до 11-ти март, во КОСТАЛ Македонија се одржа тридневна работилница за монтажа на мехатронички сетови кои се донирани од Претставништвото на Германските стопански комори во Македонија.

На оваа работилница учествуваа учениците и наставници од Охрид, Велес, Прилеп, Кавадарци и Битола, како и ментори од компаниите кои се партнери во дуалното образование.

Од нашиот училиштен центар на оваа работилница зедоа учество учениците од IV година од образовниот профил Техничар за индустриска мехатроника под менторство на наставникот Љупчо Балески. Акцентот на оваа работилница беше воведување на современа дидактичка опрема-сетови за мехатроника, кои ќе се користат за подготовка и полагање на завршните практични испити по германски стандарди – информираат од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

Оемуц работилница
Оемуц работилница
Оемуц работилница