Сезонската опрема во Струга навреме подигната
Законот за урбаната опрема не се почитува ниту во Струга. Иако од законскиот рок за подигнување на сезонската опрема поминаа 6 дена, сепка во градот состојбата не е воопшто сменета. Масите и столчињата кои се поставија пред почетокот на летната сезона, во најголем број сеуште се тука.
Во струшката чаршија сопствениите на кафулињата просторот пред нивните објекти, каде е поставена опремата го прилагодуваат за зимскиот период. Дел од нив тоа го прават легално, велат комуналните инспектори.
„Има некои лица со кои имаме склучено договор за цела година. Признаваме дека има угостители кои сеуште ја ослободиле површината во сопственост на Општина Струга“-вели инспекторот Агни Даути.
Факт е дека многу малку од сопствениците на угостителските објекти и кафулињата не го почитуваат законот, потенцира Даути. Од ситуацијата на терен констатиравме дека 70% од угостителите го запазија законскиот рок и ја ослободија јавната површина отстранувајчи ја опремата. Ќе почекаме уште една недела, доколку и во тој период сите лица не постапат според законот, ќе превземеме порадикални мерки, истакна Даути.
Угостителите се веќе информирани, ни ветија дека деновиве ќе ја отстранат опремата, па се надеваме дека ќе по исполнат ветувањето. Во спротивно ќе настапиме со најавените санкци, вели Даути.
{loadposition content9}