Skip to main content

Амсм

Денес завршува обврската за зимска опрема во возилата

Казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
 |  инфодеск  | 
Зимска опрема

Денеска официјално завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата.

АМСМ потсетува дека законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата започна на 15 ноември лани, а трае до 15 март годинава, односно до денеска.

Инаку, казната за неносење на задолжителна зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност, односно 25 негативни бодови согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бодови согласно со одредбите од овој закон – стои во Законот.