Skip to main content

Временска прогноза

Претежно облачно време со повремен дожд

Минималните температури денеска во земјава ќе бидат од 0 до 5 Целзиусови степени, а максималните ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

Денеска нè очекува претежно облачно и посвежо време со повремен дожд. Пообилни врнежи се најавени во попладневните и вечерните часови. На повисоките, но и на некои пониски места, особено во западните делови на земјава, врнежите ќе преминат во снег.

На планините ќе се формира нова снежна покривка, а помала и на некои повисоки места – информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималните температури денеска во земјава ќе бидат од 0 до 5 Целзиусови степени, а максималните ќе се движат во интервал од 3 до 12 степени.

Променливо облачно време нè очекува и утре.