Skip to main content

Пресуда за убиство

10 години затвор за девојката која уби момче во тетовско

Пресудата ја соопшти тетовскиот суд, од каде претходно не беа споделувани детали за јавната расправа бидејќи се работи за малолетници.
 |  инфодеск  | 
Суд

На 10 години малолетнички затвор е осудена 17-годишната девојка за убиството на 16-годишниот Б.Х., чиешто тело беше пронајдено во реката Пена на крајот на минатата година.

Пресудата ја соопшти тетовскиот суд, од каде претходно не беа споделувани детали за јавната расправа бидејќи се работи за малолетници.

Истражителите утврдија дека на 21 декември, по вербална расправија во автомобил, девојката со предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот. Потоа го турнала во Пена.

Телото на момчето беше пронајдено по течението на реката по 7-часовна потрага.