Во текот на 2023 година планирана е обнова на значителен дел од главната сообраќајна инфраструктура во општина Вевчани.
По завршување на потребните административни процедури во текот на вчерашниот ден се потпиша договорот за изведување на работи за реконструкција на локалната улица „Крепо”.
Во наредниот период ќе започнат градежните работи за реконструкција на локалната улица „Шопев мост – Здравствен Дом Вевчани” за што веќе е склучен договор и изведувачот е воведен во работа. Обезбедени се финансиски средства и во тек е тендерска постапка за избор на изведувач за изградба на локалната улица „Попој-Млака“ – информира Спасе Кочовски, градоначалник на Општина Вевчани.
„Инвестициите во обнова на главната локалната патна инфраструктура ќе продолжат и во иднина за што веќе се аплицирани проекти за обезбедување на финансиски средства до различни донатори“, додава Кочовски.