По повод денот на црвениот крст
Во тек е крводарителска акција во ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид
Унијата на жени, Општинскиот комитет и УМС на ВМРО ДПМНЕ Охрид, денеска реализираат крводарителска акција која ќе трае до 16 часот.
По повод Денот на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Македонија, Унијата на жени, Општинскиот комитет и Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ Охрид, денеска од 12 до 16 часот во штабот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид реализираат крводарителска акција.
Хуманоста на дело, да се спаси живот е најголемата доброта – велат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.


