Седница на совет на општина охрид
Нема да има рекламни билборди на Кеј Македонија
Секретарот на Општина Охрид Александар Китески обелодени дека на Кеј Македонија повеќе нема да има рекламни билборди.
„Нема да има повеќе рекламни билборди на Кеј Македонија“. Ова го обелодени на вчерашната седница секретарот на Општина Охрид Александар Китески.
Се очекува до петок да се објави оглас за нивно издавање. Се сеќавате дека пред неколку седници донесовме одлука за краткотраен закуп на локации за билборди, со тоа што овој пат затоа малку и се одолговлече целата работа, ќе се издаваат и локации за оние мали информативни табли, а досега не се наплаќаше за тоа. Затоа и се одолговлекува постапката, се чека записник точно да се утврди на кои локации колку ќе се издадат. И нема да има билборди во делот каде што имаше забелешки од УНЕСКО, значи тие ќе бидат тргнати. Кејот нема да има билборди – истакна Китески.


