Skip to main content

Настанот е дел од фестивалот future of film awards

Вечер на кратки филмови во Младински центар Охрид

Програмата на „Вечер на кратки филмови“ е бесплатна, а по прикажувањето на филмовите во просториите на Младински Центар ќе има коктел.
 |  инфодеск  | 
Кратки филмови

За прв пат, но не и последен во Младински Центар Охрид ќе се одржи „Вечер на кратки филмови“.

Во сабота на 18-ти март, со почеток во 20:00 часот, охридската публика ќе има можност да погледне селекција на кратки филмови од Мексико, Нов Зеланд, Соеднинетите Американски Држави, Словачка итн, но и ексклузивно да го погледне најновиот филм на Иво Трајков „The Ballad of Piargy“.

Настанот е дел од фестивалот „Future of Film Awards“ и е од натпреварувачки карактер, па тричлената жири комисија во состав од: Филип Кипровски, Стрезо Стаматовски, Филип Ангеличин – Жура ќе има задача да додели награда за најдобар филм.

Кратки филмови

Програмата на „Вечер на кратки филмови“ е бесплатна, а по прикажувањето на филмовите во просториите на Младински Центар ќе има коктел.