Skip to main content

Кривична пријава

Скопјанец фатен со марихуана во Охрид

Кривична пријава против 35-годишен скопјанец кај кого при преглед извршен во близина на спортскиот центар во Охрид пронајдена е марихуана.
 |  инфодеск  | 
Марихуана

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При преглед извршен во близина на спортскиот центар во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана – се вели во соопштението на СВР Охрид.