Skip to main content

Сертификати за односи со јавноста и комуникации

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во сабота во Скопје ќе ги врачи сертификатите за учество на обуката за обучувачи „Односи со јавноста и комуникации“.

Vasko Naumovski
Васко Наумовски
Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски во сабота во Скопје ќе ги врачи сертификатите за учество на обуката за обучувачи „Односи со јавноста и комуникации“.

mikrodfoniОбуката која Секретаријатот за европски прашања во соработка со Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство ја одржа годинава е продолжение на циклусот обуки наменети за лицата одговорни за односите со јавноста.
Во текот на двете фази од обуката на идните обучувачи им беа претставени напредни техники за комуникација и односи со јавност што ги користат владините служби на земјите – членки на Европската унија, модели за понатамошна дисеминација на знаењето во рамки на државните институции, процес на стратешко планирање како и планови за континуирана надградба на институционалните капацитети.
Овој проект е поддржан од Британската амбасада во Скопје, преку фондот Стратегиски програмски фонд (СПФРЕ).







{loadposition content9}