Ракомет од Триглав до Вардар. Од 16-ти до 19-ти март, во Сараево, ќе се одржи меѓународен ракометен турнир за ветерани и ветеранки од целиот Балкан, под мотото „Сараево љубави моја“. На овој турнир ќе учествуваат 400 ракометари од 29 екипи од земјите во регионот.
Ракометниот клуб „Стружанка“ – Ветеранки со гордост ја прифати поканата да учествува на овој турнир и да го претставува градот Струга и нашата татковина. „Стружанка“ – Ветеранки се носители на сребрен медал од ланскиот турнир кој се одржа во месец октомври во Струга.
Дружењето, позитивните искуства и многу нови пријателства е целта на овие турнири, а не наградите – велат ракометарките од „Стружанка“.
Главен покровител е градот Сараево и градоначалникот, при што, на интересен начин, преку спорт, го промовираат својот прекрасен град и неговите убавини.