Март месец на бубрегот
Бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања во Нефрологија Струга
Утре од 9 до 11 часот во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел на болницата за Нефрологија во Струга ќе се спроведе бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.
Специјализираната болница за нефрологија Струга, утре ќе спроведе бесплатен скрининг за рано откривање на бубрежни заболувања.
Скринингот ќе се врши од 09:00 до 11:00 часот во холот на амбулантно-поликлиничкиот оддел на болницата. Со бесплатниот скрининг ќе биде опфатено мерење крвен притисок, одредување на шеќер во крвта и анализа на урина.
Бесплатниот скринининг е во знак на одбележување на месец март како месец на бубрегот.
На 9-ти март се одбележа светскиот ден на бубрегот под мотото „Здравје на бубрезите за сите – да се подготвиме за неочекуваното, да ги поддржиме ранливите“.