Осумнаесетта седница
Усвоена Завршната сметка на буџетот на Општина Дебрца за 2022 година
Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %. Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.
На осумнаесеттата седница, која се одржа вчера, советот на Општина Дебрца ја усвои Завршната сметка на Буџетот на општината за 2022 година.
Од проектираниот буџет остварен е приход во вкупен износ од 103.200.284,00 денари или остварување од 91 %. Билансот на трошоците е во рамките на одобрениот буџет и истиот за 2022 година изнесува 100.014.047,00 денари.
На вчерашната седница советот ги донесе Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на општина Дебрца во 2023 година и Програмата за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територија на општина Дебрца за 2023 година.