Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува во текот на секоја година. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст Охрид и службите за трансфузиона медицина со организирање на крводарителски акции во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град.
Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи. Честитајќи им го 17 март, Денот на крводарителството и Денот на Црвениот крст, Црвен крст Охрид изразува благодарност и почит кон сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца и ги поканува на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст Охрид, денес 17 март, со почеток во 13:00 часот, на која ќе бидат доделувани признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во унапредувањето на крводарителството во Охрид и Дебрца во 2022 година – велат од Црвен крст Охрид.