Бугарија прогласи епидемија на грип
Бугарија, како што се наведува веќе го надмина условот за прогласување на епидемија – 200 заболени на 10 илјади жители, а досега од новиот грип починаа шест лица.
Во услови на епидемија од понеделник ќе бидат затворени училиштата во земјата, а дополнително ќе биде одлучено дали клуч на врата да стават и градинките и универзитетите.Посетите во болница, редовните контроли на бремените жени и на децата се откажуваат, а планираните операции се одложуваат.Властите не наредија затворање на кино салите, театрите и другите јавни објекти, но им препорачаа на луѓето да избегнуваат гужви.
Засега ниту една држава членка на ЕУ или фармацевтска компанија не се одзва на апелот на Бугарија за дополнителни залихи на лекови, бидејќи Софија има проблем и со недостиг на лекови за грипот.
{loadposition content9}