Skip to main content

Општина охрид

Пецаков оствари средба со делегација од Јапонија

Јапонска делегација составена од владини претставници и претставници од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на пречистителни станици за отпадни води, денеска остварија средба со градоначалникот Пецаков.
 |  инфодеск  | 
Јапонска делегација

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска оствари средба со јапонска делегација составена од владини претставници и претставници од компанијата „Маезава“ која што се занимава со производство и изградба на пречистителни станици за отпадни води.

На состанокот разговаравме за „Biwa Lake“ моделот кој што претставува симбиоза помеѓу економскиот развој и заштитата на животната средина. Ги информирав гостите за постојниот систем за заштита на Охридското езеро и неопходноста од негово проширување. Ги истакнав активности кои што Општина Охрид ги презема за решавање на проблемот со зафаќање на отпадните води од секое домаќинство, нивен транспорт до идна локална пречистителна станица каде ќе се врши нивно пречистување и така пречистени ќе се испуштаат во Охридското Езеро – напиша градоначалникот Пецаков на официјалниот фејсбук профил.

Јапонска делегација

На средбата беше посочен изработениот основен проект за канализациски систем и пречистителна станица за отпадни води во с. Трпејца кој е завршен и е во фаза на обезбедување финасиски средства за негова реализација.

Според него се предвидува изградба на Комплетно автоматизирана пречистителна станица со два режими на работа – летен и зимски со максимален капацитет од 124 m3/d во лето и 45 m3/d во зима со најсовремена SBR технологија за прочитување. Вкупно количини на отпадни води е 124 m3/d. Вкупна должина на канализациона мрежа е 2,325 m.

Јапонска делегација

Гостите од Јапонија беа информирани дека државното јавно претпријатие „Колекторски систем“ ги превзеде обврските за одржување, обновување и продолжување на колекторскиот систем.