Комитетот за односи меѓу заедниците во Охрид
Денес Комитетот за односи меѓу заедниците при Собранието на Македонија, оствари работна посета на Општина Oхрид и средба со градоначалникот, претседателот на Советот и советниците на Општината, со цел реализација на Програмата за работа на Комитетот за 2023 г. за соработка со комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво. Комитетот за односи со заедниците со досегашното рабтење се покажа и се потврди како работно тело на Собранието кое има голема улога, но и одговорност во остварувањата на општите и посебните права на националните заедници, односно на припадниците на националните заеднии. Со ова Комитетот има голема улога и придонес во развојот на мултикултурната и мултиетничката димензија на македонското општество, на вистински соживот на сите граѓани, а со тоа и јакнење на парламентарната демократија во Република Македонија.
„Денеска сме тука заедно со моите колеги, членови на Комитетот за односи меѓу заедниците да разговараме околу можна иницијатива заформирање на Комисија за односи меѓу заедниците, нормално на основа на добра воља бидејќи тоа не е законска обрвска на Општина Охрид“ – иформираше Арвана Пашоли – Претседателка на Комитет за односи меѓу заедниците.
Претседателката на Комитетот, Пашоли додаде дека голем е интересот од страна на комитетот за тоа како Општина Охрид се справува со предизвиците кои ги носи соживотот помеѓу заедниците кои живеат во општоната. Комитетот за односи меѓу заедниците се грижи за функционирањето за комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво и презема мерки за подобрување на нивното работење и координација со Комитетот за односи меѓу заедниците.Собранието е должно да ги разгледува мислењата и предлозите на Комитетот и да одлучува по нив.