На 17.03.2023 година во 11:50 часот, во казино лоцирано на булевар „Туристичка” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, извршено од Ј.Д.(44) од Охрид.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.