Skip to main content

Трагедија

25-годишен македонец загина во сообраќајка кај Врање

25-годишен македонски државјанин го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила во близина на Врање, пренесуваат српските медиуми.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

Во сообраќајна несреќа што вчера се случила во близина на Врање почина 25-годишен македонец.

Во автомобилот биле повеќе луѓе, но само едно лице настрада на местото на несреќата, неофицијално потврдија извори од истрагата, а пренесуваат српските медиуми.

Исто така, неофицијално, медиумите во Србија пишуваат дека го пропуштиле патот за Македонија и се упатиле кон Златокоп, но потоа се сетиле дека во ресторанот во центарот на градот, каде што претходно престојувале, го заборавиле мобилниот телефон и се упатиле назад, по што дошло до несреќата.

Повеќе детали за несреќата се очекуваат во текот на денешниот ден.