Skip to main content

По повод светски ден на театарот

Енергични луѓе во понеделник пред охриѓани

По повод Светскиот ден на театарот, на 27-ми март во Центарот за култура во Охрид повторно ќе биде изведена претставата „Енергични луѓе“. Почеток 20 часот.
 |  инфодеск  | 
Енергични луѓе

Во понеделник на 27-ми март со почеток во 20 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, по повод светскиот ден на Театарот, на репертоарот повторно хит претставата „Енергични луѓе“ според авторот Василиј Шукшин, во режија на Александар Ивановски.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Никола Тодороски, Елизабета Стефаноска, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Марија Стефаноска.

Картите по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Без резервации!