Градежни активности
Започна изградбата на ул. Крепо во Вевчани
Како што информираше градоначалникот на Вевчани Спасе Кочовски, во текот на вчерашниот ден започна изградбата на локалната улица „Крепо“.
Пред неколку дена се потпиша договорот за изведување на работи за реконструкција на локалната улица „Крепо” во Вевчани.
Како што информираше градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски, во текот на вчерашниот ден започна изградбата на оваа локална улица.

Инвестициите во обнова на главната локалната патна инфраструктура, додава Кочовски, ќе продолжат и во иднина за што веќе се аплицирани проекти за обезбедување на финансиски средства до различни донатори.




