Јавна распределба на 102 социјални станови
Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.
Јавна прелиминарна електронска распределба ќе се одржи денеска на 102 социјални станови изградени и подготвени за вселување во скопската општина Ѓорче Петров.
Распределбата ќе биде извршена во присуство на апликантите со електронски софтвер кој ќе ја подготви прелиминарната ранг листа на добитници на социјалните станови.
Обраќање на настанот ќе има министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Со социјалните станови во Ѓорче Петров започнува електронската распределба на становите под закуп, која според надлежните, ќе овозможи поедноставна обработка на податоците на апликантите и елиминирање на факторот човек при утврдување на ранг листите за добивање социјален стан под закуп.
{loadposition content9}