Skip to main content

Во организација на министерството за внатрешни работи

Европска регионална конференција на Интерпол во Охрид

Во месец мај 2023 година, МВР во Охрид ќе ја организира 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол.
 |  инфодеск  | 
Охрид

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за внатрешни работи за организирање на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол, во мај 2023 година во Охрид.

Ваква конференција на Интерпол се организира за прв пат во земјава, а се совпаѓа со 100 годишнината од постоењето на Интерпол и 30-годишнината од зачленувањето на нашата држава во Организацијата на криминалистичка полиција.

МВР на Македонија, одржувањето на 50-тата Европска регионална конференција на Интерпол го смета за еден од најголемите и најважните настани кои ќе бидат реализирани оваа година, притоа давајќи приоритет на меѓународната соработка, со акцент на меѓународната полициска соработка, вклучувајќи го одбележувањето на одредени јубилеи, поврзани со одржувањето на овој настан.