Претседателката на ОО СДСМ Охрид, Кристина Крлеска Деспотоска, заедно со пратениците Жаклина Лазаревска и Лазе Таневски, советниците, пошорокото раководство на ОО СДСМ Охрид , Форумот на пензионери и Форумот на жени, остварија средба со пензионерите од град Охрид.
На средбата се разговараше за историското покачување на пензиите од 8,4 проценти, кое овој месец го добиваат пензионерите. Ова е второ покачување на пензиите за само неколку месеци или вкупно околу 16%. На општо задоволство на сите, беше разговарано и за тоа дека во оваа 2023 година освен сегашното мартовско усогласување на пензиите, уште едно ќе следи во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата – информираат од СДСМ Охрид.
Со покачувањата на пензиите кои се случија во минатата година, во март и во септември, заедно со ова покачување сега и покачувањето кое следи во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25% за само 1,5 година. СДСМ се грижи за пензионерите. Ги реализира ветувања и ја исполнува должноста да им се обезбеди пристојна, достоинствена старост на пензионерите-онака како што заслужуваат. Бидејќи сите ние сме нивни деца, додаваат оттаму.