Skip to main content

Кривична пријава

Марихуана и шприц со смола од хашиш пронајдени кај охриѓанец

При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш.
 |  инфодеск  | 
Полиција

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

При претрес извршен во неговиот дом по судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана и шприц со смола од хашиш – се вели во соопштението на СВР Охрид.