Мечка оштетила пчеларници во Рача, граѓани апелираат на поголемо внимание, пишува ОхридНет.
Поголемо внимание и претпазливост на сите лица планинари, велосипедисти, сопственици на лозја, деца ученици и жители кои престојуваат и се движат јужно од населба Рача во Охрид. Денес повторно има активно движење, траги и оштетувања на пчеларници од мечка. Бидете крајно претпазливи се уште не е дефинирано дали се работи за една или повеќе мечки, но истите се возрасни и не реагираат на вообичаени сензори и различни техники за заплашување, апелираат граѓани на социјалните мрежи.
Фото/Фејсбук
Извор/ОхридНет