Деновиве во фокусот на вниманието се квалификациите за ЕУРО 2024-та кои репрезентација на Македонија ги започна победнички совладувајќи ја Малта во четвртокот, но во 2-то коло црвено-жолтите се слободни, па утре ќе одиграат контролен меч со Фарските Острови.
Без разлика што се работи за натпревар од пријателски карактер, селекторот Милевски најави сериозен пристап и атак на позитивен исход. И на овој натпревар Милевски не може да смета на Дориан Бабунски кој се повреди пред натпреварот со Малта, како и Ѓоко Зајков кој се повреди во четвртокот. Поради клупски обврски ќе ги нема и Столе Димитриевски и Висар Муслиу.
Стрелецот на првиот гол во овие квалификации Елмас очекува добар настап и на утрешниот меч.
Натпреварот Македонија – Фарски Острови што ќе се игра утре на арената „Тодор Проевски“ ќе започне од 18 часот.
Извор/Сител