СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Ресен, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
При контрола извршена во ноќен клуб на улицата „Стив Наумов” во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кокаин, наменет за натамошна продажба – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.