Skip to main content

Рурален туризам

Струшко Подгорци нуди уникатна автентична авантура

Туристите се запознаваат со културата, традицијата и мултиетничноста, начинот на живот во областа на Дримколскиот регион.
 |  инфодеск  | 
Подгорци

Струшко Подгорци станува рурална туристичка дестинација. Преку уникатна автентична авантура на Јабланица јавање коњи, стрелање, подготовка локална храна, палење логорски оган, берење чаеви и шумско овошје, туристичкиот работник Шабан Адемоски на својот ранч над селото ја презентира земјава пред странските гости.

Подгорци

Туристите се запознаваат со културата, традицијата и мултиетничноста, начинот на живот во областа на Дримколскиот регион.

Пред се се’ е природно овде имам градина сами си собираат салата. Ги организирам сите. Се качуваме на коњите, си шетаме низ голината. Таа авантура ја нема никаде во светот. Интересно е што нигде нема слично и тоа е целата работа што туристите се задоволни – вели Шабан Адемоски, жител на Подгорци.

Подгорци

Најчестите гости се од Холандија, Словенија, Белгија, Италија и Малезија. Им се нудат прошетки во живописната природа на 2000 метри надморска височина и посета на Подгоречкото езеро, кое е најголемо на Јабланица.

Кога ќе дојдат овде ако треба два часа да сме, остануваме пет. Дури остануваме и навечер на логарски оган надвор на скарата, си фаќаат риби заедно правиме храна. Имам салата имам се природно имам сирење од козите – вели Адемоски.

Подгорци

Јабланица е богата со еколошки производи, голем дел од нив може да станат бренд на регионот и да донесат поголем економски бенефит на локалното население.

Подгорци

Новинар : Соња Рилковска