Регионална конференција Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија
На 28-ми март со почеток од 15 часот, на Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” Охрид, Џуниор Ачивмент Македонија ја организира конференцијата „Партнерство за подобро образование во Европа и Евроазија“.
Настанот има за цел да го привлече вниманието на јавноста во нашата земја за важноста на претприемничкото образование и дека секој млад човек треба да има барем едно практично претприемничко искуство пред да го напушти училиштето. Конференцијата ќе спои претставници од Џуниор Ачивмент организации од Албанија, Бугарија, Грузија, Молдавија, Романија, Србија и ЏА Европа со цел понатамошно зајакнување на нашата регионална соработка во областа на претприемничкото образование – велат од УИНТ Охрид.
Преку панел дискусии, претставници од регионалните канцеларии на Џуниор Ачивмент и УСАИД, заедно со претставници од образовни институции, невладини организации и наставен кадар, ќе дискутираат за важноста на претприемничкото образование за успех во глобалната економија, за зајакнување на вештините и компетенциите на младите, како и важноста од промени, модернизација и следењето на најновите трендови во образованието.
Конференцијата се организира во рамки на Проектот на УСАИД за Поддршка на претприемничко учење во Југоисточна Европа и Евроазија, имплементиран од Џуниор Ачивмент Македонија.
Проектот им овозможува на младите да се стекнат со практично искуство за водење бизнис и развивање на нови вештини како што се тимска работа, лидерство, презентирање, планирање и финансиско работење, потребни за успешно водење на економијатавоземјата.
За повеќе информации за Џуниор Ачивмент Македонија, посетете ја нашата веб страна, фејсбук и инстаграм.