На факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје на 25-ти се одржа 34-от државен натпревар по информатика – област програмирање на кој учество зедоа ученици од Охридската гимназија.
Нашите ученици постигнаа одлични резултати. Филип Ѓорѓески IV год. освои II награда, стипендија од факултетот ФИНКИ, ваучер од СЕМОС едукација – ментор Елизабета Левеска Нина Стевоска III год. пофалница – ментор Елизабета Левеска Илија Волканоски I год. III награда – ментор Ѓоко Доревски – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“ Охрид.