Во петок на 31-март во големата сала на Општина Охрид со почеток од 11 часот ќе се одржи Јавна дебата на тема „Катна гаража-нова можност за Охрид“.
Jавната дебата е имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“, во рамките на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација, а спроведуван од Меѓународната фондација на
изборни системи (ИФЕС).
Шестмесечната иницијатива во рамки на горенаведениот проект е насловена како: „Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“ која што ја имплементира Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ – Охрид кој имено е и единствен грантист од подрачјето на општина Охрид.