Во петок низ струшките улици ќе се одржи велосипедски ден, во организација на Critical Mass Struga.
Велосипедистите ќе тргнат од Градскиот плоштад во Струга во 16 часот и 30 минути и ќе возат низ улиците „Туристичка“, „Маркс и Енгелс“, „Партизанска“, „Кеј Борис Кидрич“, „15-ти Корпус“, „Владо Малески“, „Пролетерска бригада“ и „Боро Хаџиески“, во вкупна должина од пет километри.
Ова е нова традиција во нашиот регион во организација на „Critical Mass Struga“. Ќе се собереме на градскиот плоштад и ќе возиме низ улиците во Струга. Ова е само почеток на една стара традиција, која ќе се повторува секој месец – соопштија организаторите.
Како што велат целта на активноста е подигање на свеста кај возачите и да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот, Струга да биде пример за поеколошки град.