Skip to main content

Видео за еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот

Учениците од охридската гимназија повторно наградени

Меѓународниот воен совет за клима и безбедност го избраа нашиот тим како еден од најуспешните во меѓународни рамки, велат од Гимназијата.
 |  инфодеск  | 
Ученици гимназија

Како дел од Глобалната кампања за климатски промени на НАТО, беше распишан конкурс за изработка на кратко видео во кое ќе бидат опфатени еколошки прашања и проблеми кои се закана за светот.

ОСУ „Св. Климент Охридски“ зеде учество на конкурсот под менторство на професорката Марија Чанова која организираше тим на ученици од четврта година за изработка на видеото.

За тим лидер беше избран ученикот Андреј Митрески, а учесници беа учениците од општествено-хуманистичко подрачје, комбинација Б од класот IV-4. Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка на Мисијата на САД во НАТО го избраа нашиот тим како еден од најуспешните во меѓународни рамки. По тој повод нашето видео ќе биде прикажано во кампањата #MyClimateSecurityStory и ќе има можност да учествува на виртуелна тркалезна маса со претставникот на САД во НАТО-Џулијан Смит и младата лидерка во НАТО-Катарина Кертисова на 21 април оваа година – информираат од ОСУ „Св. Климент Охридски“.

Ученици гимназија

Победничкиот тим на охридската гимназија е добитник на хонорар од 500 долари.

Ученици гимназија