Охридското езеро под притисок на отпадот
Охридското Езеро микробиолошки загадено од претераниот отпад. Причините се во тоа што несовесните граѓани одлагаат секаков вид отпад, а воедно не се води грижа и за отпадните води кои се влеваат во езерото.
Нуркачот Никола Паскали кој повеќе од една деценија спроведува еколошки акции за чистење на езерото од отпад, вели, на дното сретнуваат секаков вид отпад. Од дотраена покуќнина, градежен шут, пластика за една употреба, до се’ што не им е потребно на несовесните граѓани.
Потребно е да се работи на ниската еколошка свест на населението, кое не е доволно свесно за значењето и вредностите на езерото.
Болјери, шпорети, се’ покуќнина. Сега еве ќе се реновираат сместувачките капацитети и очекуваме да наидеме на кади, градежен шут во вреќи. Препорака наша е едукација, најголем чувар на нашето езеро е едукација, да почнеме што поскоро и паралелно да го чистиме овој регион – вели Никола Паскали, нуркач активист.
Според еколозите итно треба да се исклучи употребата на пластиката, тоа би бил првиот чекор во битката против загадувањето.
Во европските земји, во маркетите, нема повеќе да се купат пластични лажици, цевки, веќе и пластични шишиња поретко се среќаваат. Кај нас во маркетите и помалите продавници стаклена амбалажа нема. Ако сакате вода во стаклена амбалажа имате по ресторани и кафулиња или во магацин. Само заедно можеме овој проблем да го решиме државата, граѓаните со едукација – додава Паскали.
Поради загадувањето развиена и многу размножена во езерските води е зелената алга, која се храни со фекалии и отпадни води. Тоа лошо влијае на целокупниот жив свет во Охридското Езеро.
Новинар : Соња Рилковска