Црвен крст Охрид, во соработка со охридските Тамаро маркети спроведе акција за донирање на пакети за помош на загрозени семејства од Охрид во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден.
Акцијата е дел од поголемата кампања „Секој има право на најсреќен Велигден со Тамаро“, во рамките на која ќе се поделат бројни пакети со намирници за семејствата на кои тоа им е најпотребно.
Да им подадеме рака на оние на кои им е најпотребна. На сите охриѓани постојано им подаруваме најниски цени за купување, а за сите на кои им е најпотребно, сега и можност да го прослават празникот како што доликува – потенцираат од Тамаро маркетите.