Академски дијалози на УИНТ Св. Апостол Павле
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ беше домаќин на претставници на Министерството за одбрана и настанот „Академски дијалози со професори и студенти“.
Ректорот на универзитетот проф. д-р Иван Бимбиловски го отвори настанот на кој Илија Џугуманов ги презентираше неколкуте можности за академскиот кадар и студенти во рамки на НАТО фондот „Наука за мир“. Проф. д-р Марјан Ѓуровски, претседател на комитетот „НАТОМКД2030“ одржа говор на тема „Клучни предизвици за сајбер одбраната на Република Северна Македонија-можности по членството во НАТО“, „Академски дијалози“ е форум за дебата, споделување мислења и отворање нови можности за македонската наука и високото образование. Во дебатата активно се вклучија професорите и студентите, а оваа иницијатива носи нови работни места, проекти, пракса, како и вмрежување – информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“.