Skip to main content

Градски плоштад

Најмладите охриѓанчиња го одбележаа Денот на шегата

Во весела атмосфера и покрај дождливото време, дечињата уживаа во првоаприлската забава заедно со своите родители и наставници.
 |  инфодеск  | 
Денот на шегата

Маскирани во супер херои, принцези, самовили, пирати и во сите најпознати цртани ликови, најмладите охриѓанчиња денеска беа главни ѕвезди на „Првоаприлскиот хепенинг под маски“ кој по повод Денот на шегата се одржа на градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

Во весела атмосфера и покрај дождливото време, дечињата уживаа во првоаприлската забава заедно со своите родители и наставници.

Денот на шегата

На настанот кој беше организиран од страна на Општина Охрид, со музички и танцови точки настапија дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и сите основни училишта во општината.

Денот на шегата