Здравје за секој граѓанин и квалитетно здравство се главна водилка на ,,Првата Академија за здравство” во организација на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Свое обраќање имаше д-р Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид, како и Гордана Лолеска од НВО „Ретко е да си редок“.
Пред присутните доктори и здравствени работници градоначалникот Пецаков изрази надеж дека организирањето на ,,Академијата за здравство” ќе прерасне во една убава традиција и од година во година ќе се надградува и ќе станува сѐ побројна.
Чувството да се биде меѓу сите овие еминентни докторски имиња е повеќе од пријатно затоа што има да ги пренесат нивните достигнувања во сферата во која работат, а со тоа ќе дадат придонес за понатамошно напредување на областа. Изминатите неколку години беа вистински предизвик за сите, но особено за здравствените работници. Борбата со непознатото, нѐ научи дека токму преку ваквите собири здравствената фела се кали, надоградува и подготвува за успешен излезен од било која несакана состојба, без разлика дали станува збор за кризна ситуација или пак за комплексен медицински случај. Споделувањето на најновите достигнувања, претставува дополнителен поттик кај секој да го продолжи патот онаму каде што застанал претходникот. И така работејќи во низа, се доаѓа до најновите откритија кои не само што ни ја олеснуваат работата, туку имаат голем бенефит врз луѓето. Сакам да се заблагодарам на секој еден здравствен работник, без разлика во кој дел од хиерархијата е, за придонесот што го дадоа и даваат во борбата за подобрувањето на здравјето кај луѓето – истакна Пецаков во своето обраќање.
Во стручниот дел:
– Воведување нови методи и процедури кои кај нас за првпат се спроведуваат во здравствениот систем;
– Акцент на областите кардиологија и кардиохирургија, ортопедија, анестезиологија и гинекологија.
Предавачи на настанот беа Д-р спец. Никола Бакрачески, Д-р спец. Марјан Шокароски, Д-р спец. Горан Маркоски, Д-р спец. Марија Срцева-Јовановски, Д-р спец. Нерон Поповски, Д-р спец. Иван Карапетров, Д-р спец. Митре Милошевски, м-р Елизабета Дамевска-Јовановска и Д-р спец. Игор Николов.