До кога ќе чекаме општината да ја реши експропријацијата за ние да добиеме пат до дома, реагираат граѓаните
Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа фотографии преку кои граѓани од урбан блок Болнички комплекс реагираат на нивни долгодишен проблем. Тие се жалат дека улицата пред нивните згради е во многу лоша состојба. Ова е нивниот коментар:
Со овие наши секојдневни проблеми засегнати сме веќе 20-30 години. Буквално се работи за тоа да не можеме да излеземе на улица од нашите згради бидејки нема асвалт. Заглавени сме во лавиринт со сите претходни локални власти кои ни ветуваат дека ќе ни го решат нашиот проблем и никако да се дојде до некое решение. Никако да се решат експропријации буквално пред секоја зграда има проблем со неекспроприирано земјиште и не може да се постави асвалт. Парите од наплатените комуналии ,дозволи за градба, плаќање на имот и сите давачки кои произлегуваат од нашава урбана месна заедница се пренасочуваат на други места и се чувствуваме како запоставени од сопствениот град иако спаѓаме во ОХРИД 2 УРБАНА МЕСНА ЗАЕДНИЦА И ПЛАЌАМЕ ВИСОКИ ДАНОЦИ НА ИМОТ!!! – реагираат жителите.
Тие велат дека скоро 30 години, од ниту една локална власт не добиле помош околу нивниот проблем.
До кога вака? Срамота е во 21 век децата со кеси на патиките да излегуваат од дома. Многу прашина се крева, многу кал посебно во зимски услови – додаваат нашите сограѓани за „Ти си твојот град“.
Во продолжение погледнете ги фотографиите.