Едриличарската Федерација на Македонија, во соработка со едриличарските клубови од Охрид, Струга и Скопје, на 23-ти октомври (недела) со почеток во 11 часот од градските пристаништа во Охрид и Струга, организира двочасовна обука за запознавање со едрењето. Од заинтересираните ќе се изврши селекција на кандидати кои во иднина ќе добијат целосна и бесплатна обука за скипер на едрилица.
Оваа обука е ко-финансирана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, а основна цел е зголемување на бројот на лиценцирани скипери кои ќе можат да работат на комерцијални тури со едрилици и ќе остваруваат дополнителни приходи во летниот период преку оваа дејност.
Бесплатните обуки ќе се организираат во Охрид и Струга.
Ги покануваме сите заинтересирани, средношколци, студенти и други лица постари од 16 години, кои гледаат можност за остварување дополнителни приходи во текот на летната сезона да се пријават на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/14crSyW8PyafzgQDsUjghO8Mn6Eh9ijjR3GoUxO3fxdk/edit) или на телефонските броеви 078 269 041 за Охрид и 071 220 784 за Струга, информираат од Едриличарската Федерација на Македонија.