Деновиве во Охрид се одржа заедничка хуманитарна акција на Лајонсите од Лајонс клуб Прилеп и Лајонс клуб Деница од Охрид.
Во рамки на акцијата беа донирани над 150 медицински антидекубитални перници наменети за одделенијата во Општа Болница Охрид.
Ова беше уште една во низата акции реализирани со меѓусебна соработка на лајонс клубовите, а воедно и акција со која Лајонс клуб Деница Охрид го одбележа својот 11-ти роденден.
Во продолжение галерија фотографии од настанот.