Skip to main content

Единствен храм во земјава посветен на овој светител

После еден век од изградбата се фрескоживописува манастирот Св. Јован Владимир во Подгорци

После сто години од изградбата се фрескоживописува единствениот манастир во земјава посветен на Свети Јован Владимир во струшко Подгорци. На ѕидовите ќе бидат насликани уникатни фрески, кои досега не постојат никаде во светот. Се возобнови и стариот конак за да заживее манастирот со верници и посетители.
 |  инфодеск  | 
Свети Јован Владимир

После еден век од изградбата, се фрескоживописува манастирот Свети Јован Владимир во Подгорци. Тоа е единствениот храм во земјава посветен на овој значаен светител. Издигнат во дабовата шума на источната падина на Јабланица на 910 мнв, на 15-тина километри од Струга.

На ѕидовите ќе бидат насликани уникатни фрески, кои досега не постојат никаде во светот.

Освен фреските кои се од житието на Исус Христос и Богородица, ќе се стави целокупното житие на Свети Јован Владимир во единствената црква единственото житие во Македонија – вели Тони Милцов, зоограф. 

Свети Јован Владимир

Во 2021 година манастирот целосно беше ограден со монументална камена градба со донација од семејството на популарниот пејач на народни песни Секула Пупиноски, кој потекнува од селото Подгорци.

Сакаме што повеќе да го афирмираме во Македонија и пошироко. За таа цел во моментов се работи фрескоживописот. Целта е да се изработи фрескоживописот, бидејќи до сега не постоеше фрескоживопис – вели д-р Дарко Стрезоски, жител на Подгорци.

Свети Јован Владимир

Се возобнови и стариот конак, а направена е и кујна за да заживее манастирот со верници и посетители.

Овој манастир е многу важен и за МПЦ Охридска архиепископија бидејќи е единствен манастир посветен на Светиот Јован Владимир. Многу е почитуван во овие краишта култот негов е многу силен, да кажам – вели Димитрија Павлески, свештеник од Подгорци.

Свети Јован Владимир

Манастирот „Свети Јонче“, како што го нарекуваат жителите на Подгорци, бил изграден во дамнешната 1925 година со донации на локалното население.

Свети Јован Владимир
Свети Јован Владимир

Новинар : Соња Рилковска