Екипи на ЈП „Водовод“ започнаа со градежни активности за изведба на нова водоводна линија на улица „Браќа Миладиновци“.
Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 135 метри. Активностите се со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите – информира градоначалникот Кирил Пецаков.